
Поддршка
Кога сакате да дознаете повеќе за тоа како да го користите Вашиот производ или
не сте сигурни како телефонот треба да работи, темелно прочитајте го упатството
за корисникот.
Ако ова не го реши Вашиот проблем, направете нешто од следново:
•
Рестартирајте го телефонот. Исклучете го телефонот и отстранете ја
батеријата. После околу една минута, вратете ја батеријата и вклучете го
телефонот.
•
Ажурирање на софтверот на телефонот
•
Враќање на оригиналните фабрички прилагодувања
Ако проблемот остане нерешен, контактирајте со Nokia за можностите за
поправка. Одете до www.nokia.com/repair. Секогаш пред да го испратите
телефонот на поправка, направете резервна копија од Вашите податоци.