
Копирање содржини помеѓу Вашиот телефон и компјутер
Можете да користите USB кабел за податоци за да ги копирате вашите слики и
други содржини помеѓу телефонот и компатибилниот компјутер.
1 Користете USB кабел за податоци за да ги поврзете Вашиот телефон со
компјутер.
2 Одберете од следниве режими:
Nokia Suite — Апликацијата Nokia Suite е инсталирана на Вашиот компјутер.
Конективност 21

Медиа трансфер — Апликацијата Nokia Suite не е инсталирана на Вашиот
компјутер. Ако сакате да го поврзете Вашиот телефон со систем за домашна
забава или печатач, користете го овој режим.
Масо. складира. — Апликацијата Nokia Suite не е инсталирана на Вашиот
компјутер. Телефонот е прикажан како пренослив уред на Вашиот компјутер.
Проверете дали во телефонот е вметната мемориска картичка. Ако сакате да
го поврзете телефонот со други уреди, како што се домашно или стерео во
автомобил, користете ја оваа услуга.
3 За да ја копирате содржината, користете го управувањето со датотеки на
компјутерот.
За копирање на контакти, музички датотеки, видео записи или слики,
користете Nokia Suite.