Наполнете ја батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но можеби е потребно да ја
наполните повторно пред да можете да го вклучите телефонот за првпат.
Ако телефонот покажува дека батеријата е речиси празна, направете го
следново:
8
За почеток
1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2 Поврзете го полначот со телефонот.
3 Кога телефонот покажува целосна наполнетост, исклучете го полначот од
телефонот, а потоа од ѕидниот штекер.
Не треба да ја полните батеријата одреден временски период, а телефонот
можете да го користите додека се полни. За време на полнењето телефонот може
да биде топол на допир.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред
индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред да можат да се направат
било какви повици.
Ако некоја батерија не е користена подолго време, за да започнете со полнење
може да е неопходно да го приклучите полначот и потоа да го исклучите и
повторно да го вклучите.
Полнењето на телефонот додека го слушате радиото може да влијае на
квалитетот на приемот.