
Вметнување SIM картичка и батерија
Забелешка: Исклучете го уредот и отстранете го полначот и кој било друг уред
пред да отстраните кои било капаци. Избегнувајте допирање на електронските
делови при промена на кои било капаци. Секогаш чувајте и употребувајте го
уредот со сите поставени капаци.
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
Важно: За да спречите оштетување на SIM картичката, секогаш отстранете ја
батеријата пред да ја вметнете или отстраните картичката.
Овој телефон е наменет за користење со некоја BL-4C батерија. Секогаш
користете оригинални Nokia батерии.
SIM картичката и нејзините контакти може лесно да се оштетат од гребнатинки
или свиткување, затоа бидете претпазливи кога ракувате, ја вметнувате, или
отстранувате картичката.
1 Поставете го прстот во вдлабнатината на врвот на телефонот и внимателно
подигнете и отстранете го задниот поклопец (1).
2 Ако батеријата е вметната, отстранете ја (2).
6
За почеток

3 Вметнете или отстранете ја SIM картичката (3 или 4). Проверете дали
областите за контакт на картичката се свртени надолу.
4 Израмнете ги контактите и преградата на батеријата и вметнете ја батеријата
(5). За да го вратите задниот капак, насочете ги долните кваки за заклучување
кон нивните подножја (6) и притиснете го капакот за да заглави на своето
место (7).